Категории

Џиџи Хадид повторно во улога на дизајнер, но овој пат на чевли

Ит-моделот Џиџи Хадид уште еднаш се оствари во улога на дизајнер после успешната соработка со Tommy Hilfiger која резултираше со колекцијата TommyXGigi, овој пат таа создаде колекција обувки во соработка со дизајнерот Stuart Weitzman. Џиџи е заштитно лице на овој бренд уште од минатата година, а овој пат таа не само што застана пред кадарот за снимањето на колекцијата туку го додаде и својот потпис во нејзиното креирање. Нејзиното момче Зеин Малик исто така потпиша договор со Giuseppe Zanotti па наредната година се очекува и лансирањето на колекција под неговата дизајнерска палка.

Моделите Лили Алдриџ и Џоан Смолс позираа заедно со неа а колекцијата се очекува да излезе наредната пролет.

gigi-hadid-lily-aldridge-and-joan-smalls-stuart-weitzman-2016-campaign-01-3000x20002ef859e500000578-3341856-image-a-39_1449009326818  stuart-weitzman-spring-collection_004_complete-fashion1

Прегледи:
261
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
01.10.2016