Категории

Една поинаква диета: Ноќна диета – изгубете 1 килограм додека спиете

Поголемиот број диети се базираат на откажување од храна, но оваа диета е поразлична и ветува минус 3 килограми за помалку од недела дена.

Супер е што со оваа диета ќе можете да уживате во компир, тестенини дури и чаша вино секој ден.

Ноќната диета ја создаде др.Каролин Аповиан која работејќи во една од најдобрите американски болници, Медцинскиот Центар во Бостон, на илјадници луѓе им помогнала да ја постигнат идеалната тежина.

Таа вели дека нејзините пациенти најчесто губат по 3 килограми секоја недела, без гладување, а килограм од нив се губи додека спиете.

Др. Аповиан веќе 25 години ја усовршува оваа диета, која дури ги заштитува мускулите кога ќе се намали количеството храна која ја внесувате.

Диетата е поделена на два дела.

Секоја недела, по еден ден правите пауза од храна и тогаш можете да конзумирате само 3 густи сокови или зеленчук богат со хранливи материи.

После тој ден најчесто се губи еден килограм, а го џабрзува и согорувањето на мастите. Идејата е да имате еден ден без харна додека не ја постигнете посакуваната тежина.

Правила за останатите 6 дена:1. Секој ден задоволете ги дневните потреби за протеини и НИКОГАШ немојте да внесувате помалку од предвиденото ниво.

Дневни потреби за протеини според височината на жените:

– до 1,65 цм / 350 г протеини

– 1,70 цм / 375 г протеини

– 1,75 цм / 400 г протеини

– 1,80 цм / 425 г протеини

2. Овошје смеете да јадете колку сакате.

3. Јадете зеленчук кој не содржи скроб. Јадете брокули, лук, морков, карфиол, пиперки, спанаќ, домат и печурки.

4. Уживајте во две порции од 240 мл млеко со ниска масленост или сирење.

5. Можете да конзумирате 100 гр овошје кое содржи скроб, како што е компир, грав, грашок, тиква или леќа.

6. Можете да јадете две или три мали порции со производи од интегрални житарици.

7. Што се однесува до мастите, можете да конзумирате четири пати по една лажичка авокадо, маслиново масло, мајонез со мала масленост или семки на денвна база.

8. Пијте осум чаши вода на ден. Можете да пиете кафе, чај или диетални пијалоци, но во ова не се вбројува дневното ниво на вода.

Прегледи:
633
Објавено на:
02.10.2016