Категории

Кампања за долна облека која ги истакнува женските облини

landscape-1475616866-hbz-index

Во време кога на насловните страни на модните списанија доминираат слаби манекенки како Кендал Џенер и Џиџи Хадид, вистинска реткост е да се види кампања во која позираат модели со облини и пропорции кои не се врамуваат во глобалната слика на моделите денес. Популарниот бренд од Нов Зеланд – Lonеly Lingеriе направи чекор напред и за потребите на својата нова кампања повика модели со различна боја на кожа, облини и пропорции, и при тоа конечните фотографии не содржат фотошоп и ретуширање.
Дизајнерот на овој бренд се огласи околу изборот изјавувајќи дека овие жени се независни и се горди на своето тело и себеси. „Јас сакам жените да се прифатат себеси онакви какви што се, да го ценат тоа и она со кое можат да допринесат во светот, сакам секоја жена да биде горда на начинот на кој изгледа.” –  додаде таа.

Прегледи:
267
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
07.10.2016