Категории

Бијонсе и Џеј Зи настапуваа заедно и се бакнаа на сцена!

Синоќа во Њу Џерси Бијонсе го одржа последниот концерт од својата турнеја “Formation”, а ова беше голема вечер за славната пејачка.

Најпрво, затоа што на сцената ја изведе песната “6 Inch”, а фановите беа толку возбудени, што името на песната беше дури и тренд на Твитер во текот на вечерта.

Потоа, таа на сцената ја покани Серена Вилијамс за време на изведбата на песната “Sorry”, како и Кендрик Ламар со кој ја изведе песната “Freedom”.

Но, можеби најважниот момент во вечерта се случи кога таа го најави својот сопруг, раперот Џеј Зи, кој за прв пат на оваа турнеја настапуваше со неа.

q2

Ова секако ги полуде фановите, бидејќи целата турнеја е посветена на албумот за кој се шпекулираше дека е наменет за него и неговото неверство, но судејќи според насмевката на Бијонсе, меѓу нив сѐ е во најдобар ред.

Тие заедно на сцената ја изведоа песната “Drunk in Love”, а потоа и се бакнаа, па сега обожавателите на овој славен пар повторно можат да се опуштат и да ја слават љубовта!

 

Прегледи:
364
Ознаки:
·
Објавено на:
08.10.2016