Многумина имаат слушнато за Бети Грабл, која е меѓу првите дами што станала светски модел. Но не сите знаат за еден сосема друг модел кој всушност придонел за онаа фотосесија која денес сите ја знаеме – Бети Бросмер.
Бети ја започна нејзината кариера на тринаесет години, а во наредните години таа победила на повеќе од 50 натпревари и била на повеќе од 300 насловни страни.
Таа била една од најплатените модели во нејзино време благодарение на нејзината несекојдневна фигура:големи гради, мала половина и широки колкови.
Нејзините слики се наоѓале на буквално секој календар и билборди во Америка.
Сопругот на Бети, Џо Вајдер, бил професионален бодибилдер од Канада. Заедно, тие ги промовирале спортот и фитнесот ширум светот.
Еевентуално, Бети се откажала од моделството и се фокусирала на фитнес.
Нејзиното лице и фигура поттикнале многу луѓе да почнат да се запишат на некој од многуте спортски натпревари што ги организирал нејзиниот сопруг.
Тие се држеле заедно до самиот крај и постигнале многу од различни аспекти, промовирајќи го фитнесот и бодибилдингот.