Категории

Гвинет Палтроу создаде свој бренд

landscape-1476134708-hbz-goop-00-index2

Кога во 2008 година ја создаде својата онлајн продавница Goop, актерката Гвинет Палтроу не ни замислуваше дека денес ќе стане толку популарна и продавана.

Неодамна изјави дека таа наскоро ќе создаде свој бренд а сега тоа и се оствари. Првата колекција apparеl парчиња со потписот на Гвинет е веќе пуштена во продажба, и при тоа таа ги изненади своите фанови со специјална колекција на козметика за нега на лице. Таа изјави дека нејзиниот бренд секој месец ќе претставува 5 нови парчиња. Парчињата се дизајнирани од мал тим дизајнери со кој таа склучи договор за соработка, а тие беа остварени во фабрики во Италија каде се произведуваат и бројни дизајнерски парчиња.

„Сакав да создадам продукти кои ќе имаат висок квалитет, но со пристапна цена. За мене беше особено важно парчињата да бидат изработени на истиот начин како и облеката од моите омилени дизајнери, токму затоа ја избрав Италија каде се наоѓаат најпрекрасните материјали, и неверојатно талентирани кројачи кои обрнуваат внимание на деталите.”

gwyneth-paltrow-goop-exclusive-september-2016-apparel-02

 

Прегледи:
287
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
13.10.2016