Категории

10 причини зошто е добро да сте сингл

На почеток да разјасниме дека не се обидуваме да ве натераме да се откажете од љубовта. Никој не вели дека не е прекрасно да имате со кого да ги делите и добрите и лошите моменти.

Но ако сте во моментов сама и разочарана поради тоа, еве како можете целата ситуација да ја разгледате од поинаков агол.

Прочитајте што се можете да правите, односно што се не би можеле да правите ако сте во врска.

1. Можете да се “расправате“ со телевизорот, а никој да не ве гледа чудно.

2. Последниот ред од чоколадото е само ваш!

3. Сама одлучувате што и кога ќе правите. Па ако сакате саботната вечер да ја поминете завиткана во ќебе и со книга во раце на никого не треба да му се објаснувате.

4. Креветот е само ваш. Можете да се вртите во него колку сакате и како сакате.

5. Телефонот не мора да ви биде “залепен“ за рака. Можете да уживате со друштвото, а телефонот да ве чека дома бидејќи никој нема да ви се налути што не му одговарате на повиците или смс пораките.

6. Можете да се мувате со кого сакате.

7. Сама бирате која серија или филм ќе ги гледате.

8. Ако ве мрзи да ги депилирате не мора да се депилирате.

9. Можете да јадете во кревет и никој да не ви приговара за трошките кои ги оставате.

10. И најдобро од се е што секое излегување е возбудливо бидејќи можеби баш тогаш ќе се вљубите и сето ова нема да ви биде важно бидејќи се што ќе сакате е да го држите за рака.

Прегледи:
329
Објавено на:
20.10.2016