Категории

Викториа Бекам ќе лансира колекција облека со пристапни цени

Најновата дизајнерска соработка која ја најави америчкиот продажен ланец Targеt вклучува ни помалку ни повеќе а креации од самата Викториа Бекам. Колекцијата која ќе биде пуштена во продажба во Април следната година ќе вклучува преку 200 парчиња за жени и деца. Како што стои во службената објава, колекцијата ќе ја претставува „сржта” на брендот на Бекам со лесно носиви фустани, комбинезони, забавни блузи и панталони за жени и млади девојки кои ќе одговараат на сечиј стил. Приступачните цени ќе се движат од 6 до 70 долари, а повеќето парчиња од колекцијата ќе бидат со цени под 40 долари и тоа во голем број велилини, од XS па се до XXXL

 

Прегледи:
287
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
20.10.2016