Модните недели во светските метрополи како Њујорк, Милано, Лондон и Париз донесоа еден прилично доминантен тренд кога се во прашање женските ташни. Така што секоја втора комбинација беше зачинета со ташната со потписот на J.W. Anderson под називот Piеrcе bag.
Сите величини и бои на ташната се насекаде а трендсетерките ја комбинираат во различни стилови, од секојдневен до елегантен па и во оние најекцентрични и алтернативни. Украсена со интересни метални прстени кои потсетуваат на пирсинг, оваа ташна навистина го освои светот и можеме да заклучиме како е неизбежно еден од најјаките трендови оваа сезона. Познатиот дизајнер се потруди да и даде и навистина ексклузивна цена, па затоа дел од познатите high strееt брендови веќе се потрудија да создадат слични верзии. Цената на големата Piеrcе bag е 895 фунти а малата изнесува 759 фунти.