Илма Карахмет во 2013 година учествуваше во “Х Фактор” и според многумина беше најдобра. Меѓутоа таа не победи, а тоа резултираше со ширење на негативни коментари на Фејсбук.
По “Х Фактор” Илма сними и своја песна “Сети се”, а спотот за оваа балада е во црно-бела снимка.
Инаку, Имла беше позната и по тоа што ја колнеше Емија Јаховиќ, па тогаш се огласи и нејзиниот ментор Кики Лесандриќ кои рече дека е разочаран и поради нејзините родители, за кои вели дека “пукале” на прво место и дека во глава им било само сумата од 200.000 евра, колку што и беше наградата за освоено прво место.