Категории

Џиџи и Кендал како човеколики животни за насловната на магазинот W

kendall-jenner-gigi-hadid-w-magazine-november-2016

По повод јубилејното 10 издание на артистичното списание W Magazinе, најдобрите другарки Џиџи Хадид и Кендал Џенер застанаа заедно пред објективот и снимија фотосесија во која изгледаат како човеколики животни. Слатката забавна фотосесија беше украсена со многу колорит, фустани од разиграни материјали и тул, и мало куче. Инспирацијата беше главно искористена од долгогодишното пријателство помеѓу моделите. После објавувањето на фотографиите на интернет се појавија бурни реакции околу „дигиталната манипулација” на телата на моделите кај кои јасно се гледа дека им ги избришале нивните колена. Додека на многумина им сметаше тоа, Џиџи и Кендал изјавија дека ова била доста забавна кампања за нив и дека уживаат кога снимаат заедно.

Прегледи:
273
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
22.10.2016