15 годишната Каја Гербен е новата ѕвезда во модем која храбро чекори во модниот свет. Откако таа дебитира како заштитно лице на козметичката линија на брендот Marc Jacobs, успесите почнаа да се нижат се до нејзиното прво соло појавување на насловната на познат магазин и освојувањето на наградата Модел во подем на година. Таа неодамна доживеа уште еден блесок во својата млада кариера појавувајќи се на насловната страна на списанието Interview. Овој број на списанието е посветен на новиот бран на модели кои ќе бидат идните ѕвезди за кои долго ќе се зборува.