Категории

Дамите во овој хороскопски знак се кралици кога е љубовта во прашање

Романтични, нежни и емотивни…претпоставувате ли за кого станува збор?

 lici-koga-e-vo-prasanje-ljubovta-naslovna-810x541

Рибите се едни од најтајновитите и најромантични знакови во Зодијакот. Нив едноставно не е возможно да не ги сакате.

Емоциите на Рибите се гледаат во нивните очи. Тие со едно трепкање на очите можат да му ја покажат на партнерот целата своја љубов.

Дамите кои во хороскоп се Риби имаат способност за разбирање без објаснување. Тие ја прифаќаат љубовта безусловно.

Рибите не сакаат половично, напротив го отвораат целото свое срце.

Едноставно тоа се дами со срамежлива насмевка и заводливи бакнежи.

Рибите сакаат да угодат и да го задоволат својот партнер. Плус со Рибите ниту на еден човек не може да му биде здодевно бидејќи се полни со изненадување. Секој ден е нова авантура.

На дамата Риби и е јасно што е вредно да се чека, таа е трпелива и има најмногу разбирање, а тоа е она поради што е неодолива и едноставно не може партнерот да не ја сака.

Прегледи:
572
Објавено на:
25.10.2016