Cruise колекцијата на француската модна куќа е снимена на бреговите на главниот кубански град. Веќе не е тајна дека Куба е едно од омилените места на брендот, откако оваа колекција беше претставена во Хавана, тие одлучија истата да ја снимат и во главната кубанска престолнина која изобилува со егзотичен амбиент. Пред објективот на реномираниот Карл Лагерфилд овој пат застанаа популарните модели Мика Арганарас и Стела Тенант. Додека Стела воодушевуваше во прекрасните вечерни изгледи, на Мика и беа доделени лежерните кежуал дневни комбинации кои толку совршено се совпаѓаа со целокупниот дух на градот.