Убавата актерка Марион Котилар ја продолжува својата традиција како заштитно лице на познатата ташна Lady Dior на брендот. Марион е лицето кое стои зад оваа ташна уште од 2008 година, и овој пат уште еднаш заблеска за новата кампања на rеsort колекцијата на францускиот бренд. Она што е навистина воодушевувачко е тоа што кампањата е снимена во домот на основачот на брендот Кристијан Диор во францускиот град Granvilleu. Раскошната зелена градина послужи како совршена позадина за снимањето на колекцијата позади објективот на фотографот Крег Мекдин каде актерката сега веќе искусен модел позираше со новите варијанти на култната ташна.