Категории

Victoria’s Secret го претстави новиот градник од фантазиите кој чини 3 милиони долари

picture-9496

Секоја година брендот на еден од своите ангели ја доделува честа да го носи традиционалниот фантази градник кој чини неколку милиони долари. Секоја година брендот претставува различен градник дизајниран со скапоцени камења и дијаманти и избира по еден модел кој ќе има екслузивна можност да го носи за време на ревијата. Оваа година моделот Џасмин Тоукс ќе го претстави градникот од фантазиите кој чини 3 милиони долари на ревијата во Париз. Џасмин оваа година ја доби почесната титула Ангел, а минатата година таа за прв пат носеше крилја.

Фантази градникот оваа година именуван како “Bright Night Fantasy Bra” е дизајн на Eди Борго, изработен е од 9,000 скапоцени камења – дијаманти и смарагди и 18 каратно злато а сето тоа рачно поставено. Целокупниот процес траел 700 часа работа.

jasmine-tookes-3

Минатата година ангелот Лили Алдриџ ја имаше честа да го носи градникот од фантазиите кој чинеше 2 милиони долари..

gallery-1477493972-gettyimages-496585838

jasmine-tookes-6 jasmine-tookes-7 jasmine-tookes-5 jasmine-tookes-4 jasmine-tookes-2

Прегледи:
317
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
26.10.2016