Категории

Соработката на Victoria’s Secret и Max Factor резултира со продукт кој девојките ќе го обожаваат

vsmaxfactor3

Одличната соработка на модниот бренд Victoria’s Sеcrеt и козметичкиот бренд Max Factor резултира со маскара каква досега не сме виделе. Новата маскара изгледа навистина необично и тоа уште повеќе не предизвикува да не можеме да и одолееме. Секоја година легендарниот бренд за долна облека остварува соработка со некој од познатите козметички брендови, а оваа година Max Factor ќе се погрижи трепките на ангелите за време на шоуто кое ќе се одржи во Париз да бидат долги неодоливи.

Целокупниот мејкап изглед за таа вечер засега е тајна, но знаеме дека трепките на ангелите ќе бидат долги и волуменозни благодарение на новиот продукт на брендот чиј амбасадор е младиот модел Стела Максвел.

vs-epic1_840_472 vs-epic3_840_472

Прегледи:
311
Објавено на:
26.10.2016