Категории

Најскапиот чипс на светот: Дали би платиле 56 евра за само пет парчиња?

Кон најскапите десерти и специјалитети, сега се придружува и најскапиот чипс, којшто потекнува од шведската пивара S:t Eriks.

Всушност, како совршено друштво на врвните пива, овој чипс е сè, само скромен никако не. Достапен е во кутии од по пет парчиња, со цена од вртоглави 56 евра, но и покрај лудата цена, овој чипс многу брзо се распродал.

Секое од петте парчиња коишто се наоѓаат во кутијата има свој вкус којшто е внимателно постигнат со помош на избрани специјални состојки. Тука може да се најдат и чипсови со вкус на Матсутаке печурки од боровите шуми, морски Тартуф од водите околу Фарските острови, зачини коишто се рачно собирани на полуостровот Bjäre, Лександ лукот којшто растево близина на истоимениот град, како и пивскиот слад којшто овој бренд го користи за изработка на своите пива.

Овие вкусови се изградени на темелот на совршените чипсови направени од Амарна компири, коишто се одгледуваат на падините кај истоименото место, а растат во исклучително ограничен број. А овие падини се толку стрмни што компирот мора рачно да се сади и собира. Сите рецепти за чипсовите пак потекнуваат од шефот Пи Ле којшто изјавил:

a2

a3

a4

“Секој чипс мораше да постигне совршен баланс помеѓу различните состојки. Вкусот е исклучително скандинавски… луѓето главно ги препознаваат лукот и компирот, но она што посебно се издвојува во целата таа приказна е квалитетот. Сите состојки се со врвен квалитет, а чипсот е совршено надополнување за нашите пива”.

a5

Овој чипс моментално не е достапен за купување бидејќи минатата недела веќе бил распродаден (вкупно 100 пакувања), но да се надеваме дека оваа пивара ќе понуди уште една серија од овие скапоцени, но вкусни ужинки, во случај некој да сака да ги проба, а веќе ја пропуштил таа несекојдневна можност.

Прегледи:
349
Ознаки:
·
Објавено на:
27.10.2016