Веќе некое време, јавноста не успева да сфати каков однос имаат Бијонсе и Ким Кардашијан, со оглед на тоа дека нивните сопрузи Џеј Зи и Канје Вест се пријатели и соработници.
Канје на последната турнеја откри дека Бијонсе и Џеј Зи ниту еднаш по грабежот во Париз не ги посетиле него и Ким, а нивните деца никогаш не си играле заедно.
Ова дополнително ги “распали” гласините дека на Бијонсе всушност никогаш не ѝ се допаѓала Ким Кардашијан, и дека едноставно го толерира нејзиното присуство поради пријателството на Канје и Џеј Зи, а и поради фактот дека Џенифер Лопез им е добра заедничка пријателка и на двете.
Сведоците велат дека секогаш кога Бијонсе и Ким разговараат, разговорот е исполнет со непријатни паузи и Бијонсе секогаш бара изговор што побрзо да си замине.
Можеби затоа таа и Џеј Зи не се појавија на свадбата на Ким и Канје во Италија, а кога сме кај тоа, извори велат дека Бијонсе постојано му приговара на Канје затоа што не ѝ се допаѓа што тој се појавува во реалното шоу на Ким и нејзиното семејство.