Категории

Бела Хадид е новиот ангел на Victoria’s Sеcrеt

Последните неколку години дефинитивно донесоа големи промени во модните ревии и кампањи. Додека некогаш по модните писти чекореа модели кои зад себе немаа хорда од обожаватели, денес водечките модели пред се внимание привлекуваат со помош на своето влијание на друшствените мрежи и работата ја добиваат со помош на својот светски ѕвезден статус.

Најпознатиот клан на модели денес го сочинуваат Кендал Џенер, сестрите Хадид и Хејли Болдвин. Тие прошетаа по модните писти на многу иконски модни брендови, а нивните лица ги красат водечките бјути кампањи. Овој тренд започна да го прати и најпознатиот бренд на долна облека Victoria’s Sеcrеt. Минатата година на неговата писта прошета дуото Џиџи и Кендал, а оваа година на пистата ќе им се придружи и помалата сестра на Џиџи – Бела Хадид.
Нејзиниот кастинг официјално беше објавен вчера на службениот профил на брендот во кој Бела ги доби своите крилја, притоа таа изјави:
„Се чувствувам како да се онесвестив кога влегов таму, помислив носам долна облека ова е само забава.. Но среќна сум околу тоа, се надевам дека и тие се среќни што ме избраа.”

Шоуто на Victoria’s Sеcrеt ќе се одржи на 5 Декември во Париз каде Бела ќе чекори по пистата во долна облека заедно со својата сестра Џиџи која оваа година по втор пат го има статусот Ангел на брендот.

https://www.instagram.com/p/BMC1jAmBCAG/

https://www.instagram.com/p/BMB7kl_jnmV/

Прегледи:
202
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
28.10.2016