Оваа сезона креативниот директор на Diеsеl – Никола Формичети одлучи да ги продрма темелите на препознатливиот урбан рок стил на брендот мешајќи го со поп,милитари и спортски парчиња.
Воден од идеата да направи колекција за луѓе кои се во потрага по добра забава проткаена низ нота специфични кроеви кои наликуваат на униформи. Златните ѕвезди и анимал принтот се наоѓаат на сите парчиња – од кожни јакни до елегантни фустани ќе ги привлечат дури и оние кои не се големи љубители на таквиот стил. Маици инспирирани од рок графиката со препознатливи Diеsеl детали, малиот тесен црн фустан украсен со кожа и патенти.. Колекцијата изобилува со несекојдневни дизајни кои никого нема да го остават рамнодушен.