Категории

Бразилската убавица го краси VOGUE изданието на својата земја

После Пауло Коелјо, најпозната личност која потекнува од Бразил е супермоделот Жизел Бундхен.
Со години таа е најпознатото бразилско лице кое ги краси насловните на бројни списанија и жари и пали по модните писти, па својата гордост за своето потекло не успеа да ја воздржи позирајќи за бразилскиот Voguе во препознатлива облека за нејзината земја.
Многу цвеќиња, шаренило, накит во ведри нијанси и богати слоеви и разиграност е синонимот на земјата на карневалите и танците. Фотографот кој се погрижи да го долови овој момент е популарниот Нино Мунос, а самата Жизел облечена во Chanеl е вистинскиот рецепт за совршена насловна страна. Иако веќе летото одамна е зад нас, Жизел знае како да ја оживее топлината и шармот на веселите летни денови.

cvhzz84wgaapdrt

Прегледи:
207
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
30.10.2016