Модниот фотографер Ричард Фибс верува дека фотографирањето може да го промени светот, без разлика дали се работи на светско ниво или едноставно за светот на една индивидуа.
Од 2012, Фибс ги донирал собраните парични средства на познатата асоцијација „Хуманото општество на Њу Јорк“. Неговата добротворна работа се состои од креирање портрети на кучиња коишто се на листата за посвојување со цел да се најде нивниот дом.
Најдобрите фотографии се објавени во “Rescue Me” (Aperture, 2016), заедно со приказните за сите кучиња и нивните патешествија кои најчесто завршуваат со шокантни и трогателни стории за нивните напуштања и одбивања. Фотографиите на Фибс се многу повеќе од портрети за кучиња. Тоа се приказни кои ќе го разнежнат секого секого ширум светот.