Моли Гамбардела е илустратор и дизајнер од САД, која се обидува да ги промени границите на она што денес го викаме „нормално“ и да прикаже нови и малку поинакви услови. За да се изрази себеси, таа се служи со многу различни техники, почнувајќи од едноставни илустрации до гигантски скулптури.
Нејзиното последно дело, Скулптурата „Color blind“, е нешто сосема поинакво од она на што сме навикнати да го гледаме секој ден. Од денот кога ја објави сликата на нејзиниот Инстаграм профил ги занеме нејзините следбеници. На истата слика доби 250,000 лајкови за само 24 часа. Нејзиното дело претставува човечка глава составена од шарени боици чиј завршеток го комплетира целиот лик. Погледнете и уверете се самите.