Категории

Надојдениот Вардар “гази” во Европа!

ЖРК Вардар, во денешното коло од кавалификационите групи во женската Лига на шампиони на Европа, на денешното гостување во Унгарија, со екипата на Ференцварош, која во првото коло, на гостувањето во Скопје одигра нерешено со Вардар 26:26, а малку фалеше и да победи, отпатува со намера да се одмазди за одземениот бод во Скопје.

Силната екипа на нашиот женски шампион, предводена од новиот тренер, мирниот, но во секој поглед стручен, Давид Дејвис, натпреварот го започна со многу сериозен пристап, организирано и во нападот и во одбраната, па пред многубројната и гласна домашна публика го започна “македонското оро” и почна да го “гази” противникот, така што првото полувреме заврши со голема разлика и со неочекуван резултат од 21:12.

Во второто полувреме Вардарки, со мирна, рутинирана, квалитетна игра ја одржуваше високата разлика, не дозволувајќи противникот премногу да се доближи и натпреварот заврши со висока победа 37:24, за прво место во групата и најава за нови победи во натамошните натпревари, а можеби и најава за Европска шамионска тиула.

А, пак, во машкото издание на Лигата на шампиони на Европа во ракомет, македонскиот шампион Вардар, синоќа, во Скопје на домашен терен, го “прегази” ланскиот Европски шампион полскиот Киелце, со резултат 40:34.

И двете екипи го почнаа натпреварот отворено, борбено и бескопромисно, не мислејќи многу на одбраната колку на тоа да постигнат што повеќе голови во нападот и да го победат противникот, но кај ракометарите на Вардар како да се насобрал гневот кон полскиот претставник Киелце од некои минати порази, па со организирана, ангажирана и фуриозна игра низ целиот натпревар го газеше ппотивникот, за на крајот победата да биде зацементирана со висок резултат од 40:34.

vardar-ne-priznava-shampioni-nova-lekcija-za-kjelce-vo-skopje-9080

Прегледи:
371
Ознаки:
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
13.11.2016