Џеки Чен доби златна статуетка. За време на манифестацијата Governors Awards, славниот актер не можеше да ја сокрие радоста додека ја примаше почесната награда.
Во својот говор, 62-годишната ѕвезда им се заблагодари на фановите, семејството, Холивуд и неговата родна земја Кина. Чен раскажа дека пред 23 години во куќата на Силвестер Сталоне видел оскаровска статуетка и во тој момент решил дека сака да има една.
„По 56 години во филмската индустрија, над 200 снимени филма и многу скршени коски, конечно ова е мое“ – рече Чен, држејќи ја статуетката.
Џеки Чен има снимено голем број филмски хитови, меѓу кои „Rush Hour”, „Shanghai Noon”, „Shanghai Knights”, „Around the World in 80 Days”, „The Karate Kid” и „Kung Fu Panda“.
https://www.youtube.com/watch?v=iy3Bb2gD-Bg