Категории

Нејмар го убедува својот сонародник да дојде во Барселона!

Бразилскиот фудбалер на Барселона, Нејмар, пробува да го убеди својот сонародник и играч на Ливерпул, Филипе Кутиња да му се приклучи во Барселона, пишува бразилскиот “UOL Esporte”.

Наводно, Нејмар разговарал со Кутиња за можниот тансфер во Барселона, а Каталонците се заинтересирани да го доведат во своите редови. Сепак, официјална понуда од Камп Ноу сѐ уште нема.

Проблем би можел да претставува договорот на Кутиња со Ливерпул, кој важи до 2020 година, а во кој нема клаузула за откуп.

Пазарната вредност на Кутиња според податоците на светските медиуми изнесува 35 милиони евра.

Прегледи:
476
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
17.11.2016