Категории

Ивана Трамп во бикини во седмата деценија

Ивана Трамп, првата сопруга на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп била со него во брак точно 15 години и од тој брак има три деца – Иванка, Ерика и Доналд помладиот.

Кога на крајот на 1990 година беше обелоденето дека Доналд оддржува вонбрачна врска со актерката Марла, подоцна негова втора жена, Ивана покрена спектакуларна бракоразводна парница која се оконча со судска спогодба во 1992 година.

По спогодбата, Ивана со поранешниот сопруг остана во добри односи, таа меѓу другото, во 2016 година јавно ја поддржа неговата кандидатура за претседател на САД.

i

По разводот со првиот сопруг, Ивана не очајуваше. Напротив! Три години по разводот заплови во романса со помладиот од неа Италијанец Рикардо Мацучели, со кој беше во брак две години.

Потоа, долго време немаше сопруг, но тоа не ја спречи да влегува во врски со многу помлади мажи. Се до 2008 година, кога го запозна Италијанецот Росандо Рубиконди, со кој беше во брак само една година.

Набрзо по нивниот развод, стигна новиот … и тоа во програмата ријалити шоу во Италија во која таа учествуваше. Слично на српскиот „Сајвајвер“.

Тука покажа како изгледа во бикини во седмата деценија од својот живот.

Таа денес ужива во животот и бизнисот кој го разви.

Извор: Макфакс

Прегледи:
569
Објавено на:
17.11.2016