Категории

Најубавите цитати од Моника Белучи за љубовта и животот

Иако е позната по занесните облини и безвремената убавина која се спротивставува на стареењето, актерката и моделот Моника Белучи докажува дека освен надворешната убавина таа поседува и внатрешна.

Нејзината харизма и природна женственост не оставаат никого рамнодушен. Освен тоа, таа е мајка на две деца, зборува три јазици и ја обожава јогата. Божествената жена со големо срце и широк ум е позната и по своите цитати со кои докажува дека надворешната убавина со себе може да носи и прекрасна душа.

„Своето прво дете го родив на 40 години, второто на 45, снимав со Бонд на 50 години и никогаш не би сакала повторно да имам 20 години. Во младоста имате ‘beauté du diable’ (ѓаволска убавина), како што велат Французите, убавина која не ја сфаќате, која не сте ја спознале. Но, кога ќе имате 50 години, во вас се раѓа убавина од друг вид, убавина која ви дава сила. Таа сила не е врзана за надворешната убавина!“

„Убавината на жената станува проблем само во два случаи: Кога ја нема, и кога не постои ништо друго освен неа.“

„Нам ништо не ни припаѓа: Ниту нашите мажи, ниту децата. Ние само можеме да ги споделиме чувствата и емоциите со луѓето што ги сакаме.“

„Една жена може да сака на тој начин како никогаш да нема да ве напушти. Но, може да дојде таков ден кога ќе замине толку лесно како никогаш да не ве сакала.“

„За мене, стареењето значи – да станеш подобар!“

„Луѓето може да го простат трудот на човекот, дури и талентот, но убавината и успехот – никогаш.“

„Што ќе правам кога ќе остарам, и кога мојата слика во огледалото повеќе нема да ме радува? Истото што го правеше и мојата мајка. Нема да се гледам себеси во огледалото – ќе гледам во своите деца.“

„Јас секогаш им кажувам на младите девојки: ‘Научете се да го сакате вашето тело!’ Бидејќи совршенството не постои, и сосема е очигледно дека жената со облини не е помалку убава од слабата девојка. Едноставно, треба да научите да се прифатите такви какви што сте!“

„На сите нам ни се потребни илузии. И токму поради тоа ги сакаме филмовите.“

„За ништо на светот не би сакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна отколку тогаш, бидејќи во тоа растење ние се запознаваме себеси, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме и патиме од несигурност. Сега точно знам што ми е потребно, а без што можам да живеам.“

„Да бидете убави на 20 години, тоа е природно. Кога сте убави на 35 или 40 години, тоа е резултат на работењето на себе и внатрешната среќа.“

„По мое мислење глупаво е, со оглед на младоста и убавината, да станете спонзоруша на некого со длабок џеб и бескрајно да го трошите животот по журки. Убавината ни е потребна како помош да ја пронајдеме хармонијата, љубовта, и смислата во овој хаотичен свет.“

„Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие на тој начин признаваат дека сте подобри.“

„Убавината станува експресивна и поинтересна кога е покриена со облека.“

„Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност.“

„Не ги разбирам жените кои велат дека ги понижува машката желба. Мислам дека тие, едноставно, не се во хармонија со себе.“

Прегледи:
557
Објавено на:
19.11.2016