Категории

Немал пари ни за копачки а денес е еден од најдобрите фудбалери во светот

Легендарниот фудбалер на Интер, Аргентинецот Хавиер Занети, во едно интервју го раскажа својот тежок пат по кој чекорел, од сиромашно момче со капитен на тимот од Серија А.

Сиромаштијата која ја имал во детството, во која татко му му импровизирал копачки се со цел да му ја оствари токлу посакуваната желба.

– Мајка ми Виолета ги завршуваше задачите во домаќинството на други луѓе, а татко ми беше ѕидар. Ја напуштаа куќата во шест часот наутро, а се враќаа во вечерните часови, додека јас бев на училиште. Татко ми и јас сум понекогаш носевме млеко по роднините, а во своето слободно време да играв фудбал, се потсети на детството Занети.

Неговите родители биле толку сиромашни што немале пари ни за чевли, но успеале да се снајдат да не му го расипат сонот на своето дете.

– Отсекогаш сум сакал да имам копачки како другите играчи, но едноставно немавме доволно пари. Еден ден, татко ми одлучи да експериментира и на стари и износени чевли в гради неколку метални завртки, кои во тоа време потсетуваа на копачки. Бев пресреќен, глумев дека сум најголема ѕвезда на овој спорт. Тоа се спомени кои никогаш нема да ги заборавам – раскажува Аргентинецот.

Интересно е што Хавиер Занети текот на својата кариера не добил ни еден црвен картон, а е запаметен како скромен и вистински борец на фудбалскиот терен.

Прегледи:
489
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
20.11.2016