Крис Џенер, Кортни Кардашијан и Клое Кардашијан минатата недела присуствуваа на свечениот бал посветен на борбата против ракот кој секоја година традиционално го одржува фондацијата на Gabrielle Angel. Трите познати џет-сет дами присуствуваа на свечената вечера облечени во необични провокативни светкави креации. Клое носеше прозирна креација на Yousef Al-Jasmi, креацијата која ја носеше Кортни беше можеби најпровокативната на вечерта додека Крис се одлучи за по конзервативна варијанта избирајќи целосно црна тоалета со мали светјави детали.
И покрај тоа што беше најавено присуството на Ким заедно со нејзиниот сопруг Кајни Вест, доцна во ноќта блиски извори на семејството изјавија дека раперот бил итно хоспитализиран поради преумореност а неговата сопруга Ким заедно со нивните деца Норт и Сеинт Вест останале со него во болница.