Понекогаш забораваме на убавите мали работи кои ни го разубавуваат животот. Пораснав, а сепак се радувам на снегот, се радувам како мало дете.
Би скокнала ко дете во прегратките на мајка си. Толку ладни снегулки а ти ја топлат душата. Таа еуфорија секогаш ќе ја задржам. Некои велат дека само летото е убаво, коктели и плажи.
Но, зимата е потопла од некои срца. Тие едноставно се монотони, возрасно зрели, премногу за нивна возраст, што дури и го мразат снегот за да не читаат статуси на социјалните мрежи.
Убаво е кога уживаме во различностите на временските промени. Дождот во топли денови, сонце во зима, се е надеж.
Надеж за подобро утре, надеж дека сеуште не завршил денот и имаме време да го завршиме како треба.
Снегулки на дланка, кои се растопуваат за тебе, така е и да со луѓето, доколку ги задржиш и се растопат во твои раце, твои се.
Твои…
Текст: С.