Категории

Шизици, сакајте се , љубете се, уживајте со своите партнери и дојдете во МКЦ!

Промоцијата на годинашниот #ТвитерКалендар ќе се одржи вечерва (01.12) во фоајето на кино „Фросина“, со почеток од 20 часот.

Сакајќи да се продолжи традицијата, десетмина храбри твитерџики и твитерџии се разголија пред објективите на нашите фотографи Ѕвонко Плавевски и Димитар Петровски- Дими, додека за дизајнот се погрижи Гоце Велевски Омајгад- сите тројца твитерџии, се разбира :)

Како и секоја година, Твитер календарот ќе се продава по симболична цена, а средствата и овој пат ќе бидат донирани во хуманитарни цели! Промоцијата на календарот е во рамките на настанот посветен на Светскиот
ден за борба против сидата, под мотото „Шизици уживајте без ризици! Тестирај се, заштити се, не дискриминирај…“, кој, меѓудругото, ќе има повеќе активности.
Повеќе за целиот настан, на овој линк:
https://www.facebook.com/events/1269372039752087/

Прегледи:
388
Објавено на:
01.12.2016