Категории

Вашето куче ви „кажува“ дека ве сака

Сите што чуваат куче ќе се сложат дека тоа е нивниот најдобар пријател. Љубовта е (најчесто) взаемна. Ама, како ќе знаете дека вашето куче ве сака навистина?

Доволно е да препознаете некој од овие знаци и ќе ви биде јасно дека тоа не може да живее без вас.

Ужива да ве излиже

Кучињата веднаш чувствуваат дали некој ги сака или не. Ако ги сакате, тие ќе ви ја возвратат љубовта на овој начин.

Кога си одите тоа стои и ве гледа

Ако вашето куче покаже дека е нервозно секогаш кога се подготвувате да излезете од дома, тој покажува страв дека ќе ве изгуби. Ама ако стои мирно и ве гледа додека се подготвувате, знае дека ќе се вратите.

Кучето ви спие покрај нозете

Ако од која било причина се чувствувате исплашено, тоа ќе ви стави до знаење така што ќе си легне покрај вашите нозе. Со ова сака да ви покаже дека покрај него можете да се чувствувате сигурно.

Се превртува од среќа кога ќе дојдете дома

Ве пречекува ли со мавтање на опашката, со својата омилена играчка или скока до „небо“? Сака да ви порача дека му недостигате и дека ве сака.

Се гали по јадењето

Со своето расположение откако ќе се најаде ќе ви покаже дали е задоволен од тоа што сте му го подготвиле. Ако сака да се гали, знаете дека сте успеале.

Ве гледа право во очи

Ако кучето ве гледа право во очи, според научниците, во тој момент го лачи хормонот окситоцин. Истиот хормон го лачат жените во првите месеци откога ќе се породат и се среќни со своето дете.

Зевате во исто време

И кучињата зеваат кога се изморени и им се спие. Тие понекогаш сакаат да ја имитираат драгата личност, па ве имитираат кога зевате вие.

Спие во вашиот кревет

Постои ли поголем доказ за љубов и верност?

Ви ја носи омилената играчка

Ова не мора да значи дека ве повикува да си играте, туку ви покажува дека има доверба во вас. Со тоа што ви ја дава омилената играчка, сака да ви порача дека сте му најдобар пријател.

Кревање веѓи и намигнување

Набљудувајте го своето куче. Никогаш нема да ги крене веѓите пред некоја непозната личност, туку само пред луѓето што ги сака.

Ако вашето куче покажува некој од овие десет знаци, да, знајте дека ВЕ САКА!

Извор: http://hybread.mk/

Прегледи:
514
Објавено на:
02.12.2016