Категории

ВИДЕО: Го запозна кога тој имаше 14 години-Денес со него чека дете

Шерил Кол и Лијам Пејн кои се запознале во 2008 година на аудицијата на натпреварот X-Фактор, оваа година започнаа своја емотивна врска и очекуваат принова.

Нивното прво видување се случи во 2008 година на британската верзија на X- Фактор. Шерил тогаш имаше 25 години, беше членка на жирито, а пред неа и нејзините колеги излезе млад и перспективен натпреварувач Лијам Пејн. Тој тогаш имаше 14 години.

Лијам на аудицијата го изведе хитот на Френк Синатра „Fly me to the moon“, а неговиот настап посебно ја одушеви Шерил.

-Мислам дека си пресладок и дека имаш харизма, му порача тогаш Шерил Кол.

Осум години подоцна започнаа врска, а Шерил на свет ќе го донесе и нивното прво дете. Инаку, Лијам Пејн е член на групата „One Direction“.

https://www.youtube.com/watch?v=cGuzp_buw2I

Прегледи:
374
Објавено на:
02.12.2016