Категории

Жена го покажа евтиниот свршенички прстен за да порача дека вистинската љубов нема цена

Жена го покажа евтиниот прстен со кој сопругот ја запроси за да испрати порака дека вистинската љубов нема цена. Таа се бори против наметнатите ставови во општеството дека свршеничкиот прстен треба да чини цело богатство.

Ариел Дезири Мекреј била инспирирана да го сподели своето искуство откако додека купувале прстени од 130 долари, продавачката на цел глас извикала дека е патетично тоа што некои мажи ги купуваат тие прстени како свршенички.

Текстот на Ариел стана вирален хит на социјалните мрежи. Прочитајте го:

Мојот сопруг нема многу пари, немам ни јас. Штедиме и штедиме за да ги платиме сметките и да ставиме храна во нашите стомаци, но по речиси две години врска, одлучивме дека не можеме да чекаме повеќе, па не чекавме.

Не ни помислував на прстени, само сакав да се омажам за мојот најдобар пријател, но тој не дозволи тоа да помине тукутака. Заштеди доволно пари за да ми купи два складни прстени од Пандора. Тие се наоѓаат на мојот прст и сум вљубена во нив.

Додека ги купувавме моите прстени, жена која работеше во продавницата дојде да ѝ помогне на продавачката и рече: „Луѓе, ви се верува ли дека некои мажи ги купуваат овие како свршенички прстени? Колку патетично“. Кога го рече тоа, видов како лицето на мојот сопруг скисна.

Тој веќе се чувствуваше лошо што не можеше да си го дозволи сетот што ми лежеше на срце. Тој веќе се чувствуваше поразен и непрекинато ме прашуваше: „Дали си сигурна дека ќе бидеш среќна со овие? Дали си сигурна дека се ОК?“Многу беше вознемирен од идејата дека нема да сум доволно среќна и дека нема да сакам да се омажам со него затоа што моите прстени не коштаат доволно пари или не се доволно сјајни.

Да бев старата јас, ќе ја направев таа жена парампарче. Но, како зрела личност ѝ реков: „Не е важен прстенот, важна е љубовта со која тој е купен“. Ги купивме прстените и заминавме.

Сакам сите да знаете дека би се омажила за овој маж дури и ако ми купеше прстен од 25 центи. Кога нашата нација падна толку ниско, па да мисли дека единствениот начин еден маж вистински да сака жена е да ѝ купи накит од над 3.000 долари и јавно да ја покаже својата љубов да речеме со сјаен прстен? Се разбира дека тие прстени се убави, се разбира дека чувството е прекрасно и не се обидувам да омаловажам ниту едно од вашите искуства, но кога сè се сведе на тоа?? Зошто материјалните нешта се поистоветуваат со љубов??

Мојот сопруг се плашеше дека нема да го сакам зашто не може да си дозволи некакво парче накит. Се плашеше дека љубовта која ја имам кон него ќе избледне, бидејќи не може да си го дозволи свадбениот сет кој го сакав. Светот го предизвика ова и тоа е многу тажно. На крајот на краиштата, не можевме повеќе да чекаме и се зедовме. Никогаш не сум била толку среќна и не можам да си замислам да го живеам животот со некој друг.

Ете сум, омажена во општина со сет прстени од 130 долари, ја имам љубовта на мојот живот покрај мене и сум посреќна одошто некогаш сум мислела дека можам да бидам.

Прегледи:
531
Објавено на:
04.12.2016