Што ве очекува на полето на љубовта во декември?
Овен
Кога станува збор за љубовта, овој месец ќе бидете повеќе расположени за флерт, бидејќи едноставно не сте расположени да се врзувате и да бидете посветени. Сепак, ако сте во врска, односот со партнерот ќе ви биде одличен, а комуникацијата, подобра од било кога. Дури и ако сте чувствувале како да сте во криза, во декември ќе ги обновите љубовта, вниманието и посветеноста. Празничната еуфорија која ја чувствувате ќе се пренесе и во љубовта.
Бик
Овој месец сте посебно чувствителни и емотивни, а тоа ќе ве натера на романтика и љубов. Вашиот партнер сигурно досега стекнал впечаток дека се однесувате поинаку и необично, но во декември ќе се вратите на „себе“ и ќе продолжите да ја водите и цените домашната атмосфера која ве прави најсреќни. Ќе бидете расположени на партнерот да му подготвувате спонтани изненадувања пред празниците. Слободните ќе бидат расположени за заведување, секси игри непланирани патувања.
Близнаци
Слободните Близнаци ќе имаат многу прилики на разните прослави да го запознаат потенцијалниот партнер. Зрачите со сексуалност и енергија, па луѓе расположени за флерт ќе ви доаѓаат од сите страни. Дури и оние кои се во врска ќе налетаат на флерт, па внимавајте да не доживеете непријатности. Оние кои се во врска, моментално нема да бидат задоволни од партнерот, па ќе планираат одмор за релаксација со пријателите.
Рак
Љубовта ќе ви цвета и овој месец, а вие ќе бидете повеќе од било кога посветени на партнерот. Подготвени сте да го вклучите во сите можни активности и да му давате до знаење дека секогаш може да се потпре на вас, бидејќи секогаш сте тука да го ислушате. Ќе бидете секогаш подготвени за забава, романтики и уживање во чувствата. Можете да очекувате многу убави денови. Ако сте слободни, ќе постапувате согласно празничниот дух со многу смеа, забава и флерт.