Живеејќи во ова општество, каде што главна окупација е достигнување на висока титула и трка по пари, кој би се осмелил да ја остави својата работа за да го живее својот сон?
Ова младо момче, Брент Естабрук, тврди дека тоа е возможно. Тој вели дека напуштил дури пет работни места со цел да го работи тоа што го сака – уметност. Отсекогаш ја сметал за прва љубов, особено изработувањето на плишани мечиња.
Сета моја инспирација потекнува од мојата добра благосостојба и позитивна мисла. Конечно го пронајдов тоа што ме прави среќен и не го оставам за сите пари во светов.-вели Брент.
Погледнете само дел од неговите изработки, од коишто дефинитивно можеме да заклучиме дека талентот на ова младо момче од Лос Анџелес е неодречен.