Сејнт Вест, син на популарниот пар Ким Кардашијан и Кание Вест, денес го славеше првиот роденден.
Меѓутоа, на прославата не присуствуваше татакото на Сејнт, бидејќи сеуште не е целосно опоравен од последиците на нервниот слом. Имено, Кание откако излезе од болница изнајмил посебна куќа за лекување, а сопругата Ким остана во нивниот дом заедно со децата.
Ким првиот роденден на синот го прослави во кругот на семејството и блиските пријатели кои за славеникот објавија пригодни честитки на Инстаграм.
Така, кортни Кардашијан објави фотографија со Сејнт кога тој имал само неколку месеци, а Кандел на својот сајт напиша:
„Ти си најслаткиот додаток во нашето семејство. Иако сеуште си многу мал, ти веќе си неверојатно среќна и посебна личност. Те сакам!“.
Извор : Макфакс