Синоќа во Бакингемската палата се одржа свечен прием на кој присуствуваше Британското кралско семејство. Покрај нејзиното височество – Кралицата Елизабета за традиционалната фотографија позираа останатите членови меѓу кои нејзиниот сопруг – Војводата од Единбург, првиот наследник Принцот Чарлс со својата сопруга – војвотката од Корнвол како и војводата и војдвотката од Кембриџ која го привлече сето внимание на вечерта. Кејт Мидлтон блесна како вистинска принцеза облечена во долга црвена тоалета од нејзината омилена дизајнерка Jenny Packham а целокупниот изглед го надополни со легендарната тијара на Принцезата Дијана за која се знае дека била нејзина омилена.
Ова е втор пат како таа ја носи оваа скапоценост.