Категории

Царскиот рез влијае на еволуцијата на човекот

Царскиот рез влијае на човековата еволуција бидејќи благодарејќи на таа метода мајките со претесна срамна коска, а во минатото умирале и таа и детето, па тие гени не се пренесувале, покажува студијата на австриските научници кои предвидуваат дека трендот ќе продолжи, но и благо и полека, која е објавена во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences.

Новата студија покажува дека царскиот рез е нужен за носење здраво дете на светот, бидејќи денес е поголем бројот на мајки кои имаат претесни колкови. Бројот на случаите во кои децата не можат да минат низ породилниот канал изнесувал во 1960-те години 30 на 1.000, а денес достигнал 36 на 1.000, велат научниците,

Историски, гените на мајките со претесните породилни канали, не би се пренесувале на следната генерација, бидејќи и мајката и нејзиното чедо би умреле при породувањето.

Др Филип Миторекер од одделот за теоретска биологија на Универзитетот во Виена дека во разбирањето на човековата еволуција старото прашање „поради што е толку висок процентот на несразмерен меѓу големината на фетусот и породилниот канал, а тоа значи дека детето не може да мини низ породилниот канал“.

„Без интервенциите на модерната медицина, таквите породилни тегоби често биле смртоносни и од еволуциска перспектива тоа била природна селекција. Жените со многу тесна срамна коска не би преживеале пред 100 години. Тие денес преживуваат и гените на претесна срамна коска ги пренесуваат на ќерката“, појаснува од Мотерекер.

Старо е прашањето поради што човековата срамна коска со годините не се проширила, бидејќи главчето на човековото младенче е голена во однос на другите примати, на пример шимпанзо кое релативно лесно се раѓаат.

Истражувачите осмислиле математички модел користејќи се со податоците на Светска здравствена организација (СЗО – WHO) и другите студии за породувањата. Востановиле постоење на спротивни еволуциски сили. Едната е тренд дека новороденчињата станува сé поголема, а тоа значи и поздрави. Од друга страна, пак, колку новороденчињата се поголеми, поголеми се изгледите да се „запни“ што некогаш завршувало со смртта на мајката и детето, и нивните гени не би се пренесувале натаму.

„Еден дел од селективните сили, а тоа е трендот кон помалото новороденче, исчезнал со примената царски рез“, продолжува др Митерекер. Истакнува дека за студијата не е цел да ја критикува медицинската интервенција, туку да го сврти вниманието дека на тоа „имало влијание на еволуцијата“.

На прашањето што ќе се случува во иднината, др Митерекер вели дека „очекува дека тој еволуциски тренд ќе продолжи, но веројатно ќе биде благо и бавно“ и појаснува „И тука постојат ограничувања. Значи, не очекувам дека еден ден сите деца ќе се раѓаат со царски рез“.

Извор: Макефакс

Прегледи:
436
Објавено на:
10.12.2016