Месечниот циклус кај жените е придружен со повеќе промени во нивното тело и во нивното расположение. Секој период од месецот тие се соочуваат со различни искуства, а погледнете како изгледа тоа.
Во текот на првите два дена од месечниот циклус, жените имаат помало ниво естроген и тоа прави да се чувствуваат поуморни. Тие имаат контракции во матката што им создаваат грчеви. Тоа е добро време за мали и нежни вежби.
Од третиот до петтиот ден месечниот циклус веќе завршува, естрогенот се зголемува и жените имаат повеќе енергија. Така, нивното лице изгледа посиметрично, кожата им сјае и тие се многу расположени – што е одлично време за преземање иницијативи.
Од десеттиот до тринаесеттиот ден жените се најпривлечни и најплодни. Тогаш оргазмите се најинтензивни, тие се оптимисти и расположени за дружење и излегување.
За време на четиринаесеттиот ден настапува овулацијата кога јајниците ослободуваат јајце клетки и ако не се оплодени, тие се разложуваат.
Од петнаесеттиот до осумнаесеттиот ден, одеднаш хормоните се менуваат и жените може да се чувствуваат уморно.
Од деветнаесеттиот до дваесет и вториот ден, естрогенот се намалува и жените се соочуваат со масна и чувствителна кожа. Тоа е добро време за здрава исхрана.
Потоа, од дваесет и третиот до дваесет и петтиот ден жените може да почувствуваат подуеност и намалено либидо.
Од дваесет и шестиот до дваесет и осмиот ден тие интензивно вежбаат за да ги олеснат болките во градите, го намалуваат внесувањето на кофеин и шеќер, пијат повеќе течности и спремни се за да започнат сѐ одново…
Погледнете го видеото кое одлично го илустрира ова.