Новиот силиконски сунѓер за шминкање се распродава ширум светот во рекорден број достигнувајќи ја популарноста на познатиот BeautyBlender кој веќе долго време се наоѓа на тронот како најупотребувана алатка за шминкање помеѓу мејкап артистите. Новиот силиконски сунѓер именуван како SiliSponge е производство на козметичката куќа Molly Cosmetics од Хонг Конг, а предностите кои ги нуди се беспрекорно рамномерно нанесување на течната пудра без притоа да го впива поголемиот дел од продуктот како што е случај со популарниот BeautyBlender.
Оваа алатка е достапна на пазарот по цена од 9.30 евра а може да се купи на официјалниот сајт на брендот.