Категории

Направете сами маска за убава кожа за празниците

Промената на температурите и влагата во текот на зимата прават вашата кожа да бара повеќе хранливи материи и нега од вообичаеното. Исто така и премногу загреаните простории ја прават кожата сува и безживотна. Затоа важно е да се обидувате да ја негувате што подобро и повнимателно.

Ви претставуваме одлична маска која ќе направи вашата кожа да ја врати својата еластичност и сјај и да изгледа младо и свежо со помош на состојќите од вашата кујна. Се што ви е потребно е:
– 2 кесички зелен чај
– 1 лажичка гел од алое вера
– памучна газа
Кесичките зелен чај ставете ги во зовриена вода и отавете да отстојат потопени 15 минути. Гелот од алое вера  нежно вмасирајте го на лицето, вратот и деколтето со кружни движења. Памучната газа натопете ја во чајот и ставете ја на лицето. Оставете да делува 15-20 минути и потоа отстранете со млака вода.

Прегледи:
288
Објавено на:
21.12.2016