Адел им се придружи на илјадниците лица кои им оддадоа почит на жртвите во терористичките напади во Брисел поради кои згаснаа десетици животи. Популарната пејачка на својот концерт во Лондон зборуваше за вчерашните експлозии во престолнината на Белгија и во чест на жртвите ја испеа „Make You Feel My Love“.
„Сакам сите да пеете со мене за тие да можат да нè слушнат“ – беа зборовите со кои Адел ѝ се обрати на публиката пред да ја започне изведбата.
„Мислам дека никогаш не сум била толку трогната во мојот животот на некое од моите шоуа, тоа беше толку убаво. Ви благодарам“ – вели Адел по завршувањето на песната.