Категории

Adidas и Кајне Вест ја продолжуваат соработката

Германскиот спортски гигант и раперот Кајне Вест изјавија дека во тек е лансирањето на новата колекција насловена како Adidas + Kanye West. Секцијата е во соработка со неговата Yeezy линија која вклучува, обувки, облека и аксесоари за сите генерации. После рекордната продажба на партнерската колекција Адидас патики под дизајнерската палка на Вест која беше распродадена по само неколку часа од лансирањето, оваа колекција ќе вклучува модели кои ќе бидат усогласени спрема „уличната“ мода и спортот..

Брендот изјави дека ова соработка со музичарот е досега најуспешната соработка која компанијата ја имала со некој чија професија е надвор од спортот. Датата на пуштањето на колекцијата во продажба сеуште не е одредена.
Ова не е прва соработка на популарниот рапер со некоја од спортските компании, пред да го склучи партнерството со Адида, Кајне работеше со спортскиот гигант Nike.
Парчињата од колекцијата Yeezy беа пуштени во продажба во Февруари 2015, а популарните патики Yeezy Boost 350 ја добија титулата „обувки на годината“ поради соборувањето на рекордот на најпродавани патики за 2015 година.

landscape-1467207451-kanye-adidasadidas-yeezy-boost-350-black-02

Прегледи:
279
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
01.07.2016