Категории

Adidas создаде патики од рециклиран отпад

adidas-plastic-shoes-4

Патиките се создадени во соработка со здружението Parley се изработени од отпадната пластика од приморјето на Малдивите.Еколошката мода секојдневно зема се поголем замав со оглед на тоа што просекот на купена облека во Америка изнесува 80 милијарди парчиња годишно од кои 11 милиони тони завршуваат во отпадите, тоа ги натера голем дел одсветските брендови да тргнат во потрага по креативнорешение на овој проблем.

Последен во низата брендови кои со својата соработка ги отвори вратите на новите идеи на издржливост и еколошка свест е познатиот Adidas.  Неговиот долго најавуван и и долго очекуван модел на рециклирани патики конечно го виде светлото на денот. Соработката со непрофитното здружение Parley for the Oceans посветено на смалување на отпадот во океаните резултира со посебен пар патики именувани како “UltraBOOST Uncaged Parley”. Тој е произведен во 7,000 примероци коинаскоро ќе бидат пуштени во продажба по цена од 220 долари. Во текот на наредната година брендот ќе произведе уште милион вакви патики со кои од океаните ќе бидат извадени 11 милиони пластични шишиња.

05_all_640x640_tcm70-106815 06_all_640x640_tcm70-106818

Прегледи:
354
Ознаки:
· ·
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
19.11.2016