Категории

Агол за учење – како да ја уредите детската соба?

Почетокот на учебната година е совршено време за да ја редекорирате детската соба. Без разлика дали создавате агол за учење од нула или сакате само да ја освежите постојната просторија, некои докажани методи вреди да се применат.

Нашиот совет во голема мера ќе ви го олесни уредувањето на просторот.

За почеток, внимавајте на најважните работи

Најважниот елемент на детската соба е работната маса на која ученикот поминува најмногу време. Тоа е место каде тој не само што ја извршува својата домашна задача, туку се посветува и на своите страсти. Во зависност од потребите, масата станува биро за цртање, работилница за еден млад уметник или место за читање. Поради нејзината мултифункционалност, неопходно е да се обезбеди правилен избор. Покрај правилниот стил и боја на мебелот, не треба да го заборавате нејзиниот дизајн, најдобро е да ја изберете заедно со вашето дете. Внимавајте кога детето седи да има исправен грб а рацете и нозете да му се во слободна положба. Кога висината на ученикот е 120-125 см, работната површина треба да биде висока околу 55 сантиметри. Купувањето на прилагодлива маса ќе биде паметно решение – мебелот ќе расте со вашето дете.

Подеднакво е важно да се избере вистинскиот стол кој треба да биде опремен со наслон за лактите, да може да се прилагодува потпирачот за грб и висината на седиштето. Грижата за овие елементи во рана фаза ќе го избегне лошо држење во иднина.

Во продолжение погледнете неколку инспиративни предлози подолу:

Прегледи:
825
Објавено на:
05.09.2019