Категории

Академик Лихачов: Интелигенцијата не се мери по дипломата и образованието, туку преку овие 3 нешта!

Многу луѓе грешат кога ја споредуваат дипломата на човекот со неговата интелигенција. Многу луѓе мислат: интелигентен човек е оној кој многу читал, кој има добро образование, многу патувал, познава неколку јазици и кој располага со широк вокабулар. Меѓутоа, може да го имате сето тоа и да не бидете интелигентен.

А голема е можноста да немате ништо од ова, а да бидете природно интелигентни. Образованието не смее да се меша со интелигенцијата.

Интелигенцијата не е само знаење, туку и способност да се разберат другите. Таа се покажува преку илјадници мали нешта: во способноста да покажете почит кога не се согласувате со некого, во скормното однесување на маса, во умешноста сосема незабележително да им помогнете на другите.

Да се чува природата, да не се фрла ѓубре околу себе – да не валка околнитата со отпушоци и пцовки, глупави идеи (тоа е исто така ѓубре)! Запознав во северна Русија, селани, кои беа многу интелигентни луѓе. Тие одржуваа неверојатна хигиена во своите домови.

Знаеја да ценат добри песни, да раскажат интересна приказна која им се случила нив или на другите, водеа уреден живот, со разбирање се однесуваа кон туѓата тага и туѓата радост. Интелигенција, тоа е способност за разбирање, забележување, тоа е толерантен став кон светот и луѓето.