Категории

Ако барате СРЕЌА само за себе, нема никогаш да ја пронајдете – Но ако се грижите за другите да бидат среќни, таа ќе дојде многу побрзо!

Учител во школото донел балони и ги замолил децата да ги понесат и на нив да ги напишат своите имиња..

Учител во школото донел балони и ги замолил децата да ги понесат и на нив да ги напишат своите имиња.

Потоа сите балони беа изнесени во ходникот и учителот ги измешал. Учителот им дал 5 минути на децата секој да го пронајде балонот со своето име. Децата притрчале да погледнат, но 5 минути брзо поминале и никој не го пронашол балонот со своето име.

Тогаш учителот ги замолил децата: Земете го балонот кој е најблиску до вас и дајте му го на личноста чие име е испишано на него. Поминале помалку од 2 минути и секое дете имало балон во рацете.

На крајот, учителот го открил заклучокот од овој експеримент.
„Балоните се како среќата. Нема да ја пронајдете ако ја барате само за себе. Но ако сите се грижат едни за други, ќе ја пронајдете многу побрзо!“

Прегледи:
688
Објавено на:
28.05.2020